Фабрицио Корона (47), поранешен партнер на хрватската манекенка Нина Мориќ (46), повторно се најде во центарот на нов скандал, откако еден италијански естетски хирург јавно изјави дека е во љубовна врска со него.
Нивната врска ја откри естетскиот хирург и стоматолог Џакомо Уртис, кој на телевизија изјави дека некогаш бил заљубен во Фабрицио.
„Фабрицио го познавам долги години и морам да кажам дека многу ми помогна. За мене тој е посебен човек. Љубовта има многу форми, а тој е фасцинантна личност во која се заљубив. Ми се допадна таков каков што е, а меѓу нас владееше вистинска уметничка хемија – изјавил Џакомо Уртис.
Нина Мориќ беше шест години во брак со Фабрицио и заедно го имаат синот Карлос Марија. Таа сега проговори за скандалот во кој е вмешан нејзиниот поранешен сопруг.
„Не смеете да судите. Бев многу осудувана и тоа ми беше многу тешко на почетокот“ – изјави Нина Мориќ.
Џакомо во италијанското реално шоу „Големиот брат“ откри дека се заљубил во човек кој бил во затвор и е оженет со манекенка, а тоа е Фабрицио Корона, на што Нина јасно одговорила.
„Во љубовен триаголник со Уртис и Корона? Се*с во тројка? Ми се гади од помислата на двајцата во кревет. Се колнам во мојот син, не сум третата личност во оваа приказна, изјави Нина, која тврди дека тоа всушност се случило, но уште порано, додека Фабрицио бил во врска со манекенката Белен Родригез (37).
Фото: Инстаграм принтскрин/nina__moric