Мерјем Узерли, турската актерка родена во Германија, имала толку многу пластични операции во последниве неколку години што е речиси непрепознатлива, тврдат нејзините обожаватели.
На сликите што неодамна ги објави на Инстаграм, речиси ништо не останало од нејзината стара личност – видливо е дека ги наполнила јаготките и брадата, што многу ги разочара нејзините фанови ширум светот, пренесуваат медиумите.
„Порано беше многу поубава!“, тврдат обожавателите.
View this post on Instagram
За време на снимањето на серијата „Сулејман Величествениот“ во која ја глумеше најголемата љубов на султанот – Хурем, беше критикувана дека има вишок килограми. Мерјем подоцна ја изваја својата фигура, но не одолеа на естетските корекции, кои, според нејзините обожаватели, воопшто не и биле потребни.
Убавата актерка призна дека имала операција на лицето, но потврди дека тоа било одамна.
View this post on Instagram
Меѓутоа, неодамна направените фотографии за време на нејзиниот престој во Њујорк ги демантираше овие нејзини зборови и ги шокираше сите оние кои ја сакаа актерката токму поради нејзините облини, пишуваат турските медиуми.
View this post on Instagram
„Ова не може да биде Мерјем! Не е само пластична операција, таа буквално има пресадено лице“, „Ти беше толку убава“, „Како може некој да си го направи ова“, се само дел од коментарите на разочараните фанови.
фото:Инстаграм принтскрин/ Мерием Узерли