Таман кога ќе помислите дека ништо не може да ве шокира од семејството Кардашијан- Џенер- Вест, а камоли да ве изненади, тие се тука да демантираат.
Овој пат својот „талент“ го покажа Кање Вест, кој ги шокираше фановите со новата песна „XTCY“, во која признава дека радо би бил интимен со сите сестри на својата сопруга Ким Кардашијан.
Очигледно со желба да го сврти вниманието кон својот нов албум „YE“, за насловната нумера ја одбра фотографијата на која позираат петте сестри за роденденот на Кајли Џенер.
-Имаш ли болни мисли? Ја ги имам повеќе. Имаш ли свастика која би ја „провалил“? Јас ги имам четири, се почетните стихови од песната на Вест.
Најпопуларните сестри се уште не се огласија по повод оваа песна, но ако се земе во предвид тоа дека што паѓа нивната ријалити популарност, не би чудело ова да е колективен договор за правење маркетинг.