Радио Милева

Фановите не ја препознаа: Тања Савиќ потполно го промени изгледот (фото)

Фановите не ја препознаа: Тања Савиќ потполно го промени изгледот (фото)

Откако се појави во „Ѕвездите на Гранд“, Тања Савиќ многу не експериментираше со својот изглед и не ја менуваше бојата на косата, односно отсекогаш  имаше црна коса.

Меѓутоа, пејачката сега направи драстична промена, па нејзините фанови не можеа да ја препознаат.

Имено, за потребите на нејзиниот нов спот кој наскоро треба да го објави,  Тања потполно го промени изгледот и стана русокоса.

фото: Принтскрин/инстаграм/тањасавиќ

Во долг бел фустан и долга брановидна рускоса, фановите едвај ја препознаа пејачката.

фото: Принтскрин/инстаграм/тањасавиќ

„Драги мои, сакам да ви ја најавам долго очекуваната песна. Стигнува песна која ќе ги стопи и најтврдите срца. Спотот само што не е готов, дотогаш уживајте во фотографиите. Очекувајте нешто поразлично од мене“ напиша Савиќ на „Инстаграм“.

фото: Принтскрин/инстаграм/тањасавиќ

Фотографиите за кратко време добија илјадници лајкови,а под објавата само се нижеа позитивни коментари за новиот изглед на Тања.

To top