Македонскиот поп пејач Влатко Лозановски, вчера на 27 ми јуни го прослави роденденот.
Популарниот пејач кој поради неговите вокални способности но и скромноста е омилен кај сите генерации, сепак ретко споделува приватни моменти со јавноста, а редовно од новитетите поврзани со неговата музичка кариера.
Честитките по повод роденденот пристигнуваа на неговата адреса во текот на целиот ден. Меѓу многубројните фотографии кои беа закачени на неговото „стори“ на Инстаграм најчести беа оние од неговите најблиски, обожаватели и пријатели. Но, оваа година неговата сестра му испрати емотивна честитка за овој посебен ден.
Марија Лозаноска заедно со фотографијата која ја објави му напиша:
„Среќен роденден брат, фала ти што постоиш!“ – споделила помалата сестра на објавата која пејачот со задоволство пак ја сподели и на неговиот профил.
Марија на јавноста и е позната преку социјалните мрежи најмногу преку нејзиниот профил „Лекторката“ каде има доста следачи, но исто така таа е и авторка на два романи „Големото Л“ и „Другата“, а често знае да сподели и заедничка фотографија од Лозано за кого потврдува дека е негов фан број еден па, секогаш е во првите редови на неговите настапи.
Двајцата се успешни и талентирани и со задоволство се поддржуваат еден со друг.
Музиката и уметноста се дел од нивното семејство, Марија е писателка, а Влатко освен што пее, пишува текстови и одлично свири на клавир и гитара.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Влатко Лозаноски