Промотер

Евровизиската „Proud“ низ призмата на „Cyrillic“ ( АУДИО)

Евровизиската „Proud“ низ призмата на „Cyrillic“ ( АУДИО)

Секогаш е интересно да се слушне како музичарите ги преработуваат и им го менуваат „ликот“ на песните од своите колеги, преместувајќи ги во сосема нов жанр и давајќи им свој печат, а токму тоа го направи прилепското дуо „Сирилик“ (Cyrillic) со евровизиската балада „Proud“ на Тамара Тодевска.

Талентираните музичари сè повеќе се активни и со авторска музика и песните како што се „Во тебе се гледам“ со Дина Јашари или актуелната „Доволни“ со  Валери  но одлично се снаоѓаат и со ремиксите, а овој најновиов само дополнително ќе ја зголеми армијата следбеници, и нивната и на Тамара.

Песната која беше победник според гласовите на жиријата и во втората полуфинална вечер и во финалето, претходно доби ремикс-изданија и од белградскиот диџеј и продуцент Грамофонџие како и од еден од авторите, самиот Роберт Билбилов кој воедно е дел и од тимот што ја компонираше оригиналната верзија.  Како звучи „Proud“ низ ремиксот на „Сирилик“, дознајте во продолжение.

Извор: РадиоМК

To top