Овагодинешното издание на Евровизија 2022 ќе се случи во Италија, а Македонија ќе ја преставува младата пејачка Андреа со песната „Circles“.
Андреа полека со својот тим се подготвува за евровизискиот перформанс, а неодамна имаше убав повод за славење.
Имено, младата пејчка го прослави својот 22 роденден. Таа на својот „Инстаграм“ објави фотографија од роденденската торта на која има микрофон на кој пишува Евровизија 2022.
-Годинава веќе ми подари преубави нешта и се надевам дека така ќе продолжи, како за мене така и за сите. Знаете којa ми е роденденската желба затоа што е и заедничка. Фала ви однапред за убавите честитки!, напиша евровизиската претставничка покрај описот на фотографијата.
Под објавате се нижеа честитки од нејзините следбеници и пријатели.
Музиката, аранжманот и продукцијата на евровизиската песна ги потпишува Александар Масевски, додека стиховите на песната се заедничко дело на авторот и изведувачот – Александар Масевски и Андреа Коевска.
Како ќе се претстави Андреа на Евровизија, дали ќе успее да влезе во финалето или можеби ќе и донесе победа на Македонија останува да видиме.
Досега најдобар пласман на Евровизија имаше Тамара Тодевска со песната „Proud“.
фото: принтскрин/andreamusic20