Сања Кужет ја израдува јавноста со признанието дека е во блажена состојба, како и дека ќе добие трет син.
Како што е познато водителката во првиот брак го доби својот најстар син, а потоа и втор, а сега и трет од врската со Немања Живојиновиќ.
Сања не крие дека таа и Немања не ја официјализирале врската, а како што тврди нема конкретна причина, туку преголем број на обврски.
– Бев бремена кога се омажив за прв пат. Убави спомени, мислам искрено, беа навистина важни и убави работи за мене во тој момент. Вториот пат не облеков венчаница, не затоа што јас и мојот партнер не сакавме тоа да се случи, туку едноставно поради некој чуден сплет на околности. Од кога се споивме постојано твориме, градиме, планираме и нешто ни се случува нон-стоп. Навистина немавме одмор во таа смисла да се справиме со таа свадба. Тогаш сите други животни работи и околности всушност не научија дека сè друго што правиме е многу поважно од тој еден чин и тој ден. Така да не бегаме од тоа, кој знае можеби во одреден момент ќе се случи, но и нам ни е супер – изјави Сања во авторската емисија Весна Дедиќ.
Патем, иако Сања е една од најпознатите телевизиски личности, ретко го гледаме Немања, иако таа тврди дека не бега од камерите.
– Не, долго време сме заедно. Се движиме и излегуваме нормално, нема зошто некој некого да крие. Само мислам дека не му е местото во финалето. Тоа е моето работно место и тој навистина никогаш не доаѓа додека сум на работа. Тоа не е ни дел од неговата професија, но кога ќе не видат заедно на некои настани, нема никоков проблем да не фотографираат – изјави Сања.
Фото: Printskrin/Instagram/sanja_kuzet