Кралицата Елизабета II на 21 април наполни 92 години, но во јуни повторно ќе слави роденден. Тоа е затоа што има два родендени, вистинскиот и службен.
Службениот се паѓа во втората сабота од јуни. Сигурно се прашувате зошто има два родендени?
Во Британија, родеденот на кралот или кралицата не се слави на денот кога се родени.
Традицијата за дупли роденден ја започнал Џорџ II во 1748 година. Тој се родил во ноември, а тогаш временските услови во Велика Британија се лоши.
Кралот сакал голема прослава, но не можел да слави во ноември. Поради временските услови не можел јавно да направи забава, па одлучил да го спои со војната парада која се одржува во пролет.
Така започнала традицијата за прославување на службените родендени.