Радио Милева споделувачи на ритуалот

Еве зошто комшиите на Милена Антовска првото утринско кафе го пијат на балкон: Излези момче право на тераса… (ФОТО)

Еве зошто комшиите на Милена Антовска првото утринско кафе го пијат на балкон: Излези момче право на тераса… (ФОТО)

Висока, згодна, атрактивна, сксапилна… Тивка, нежна, неизбежна… што би рекле, се и телесните и карактерните атрибути што ја красат водителката Милена Антовска Станковска. Покрај тоа, оддана сопруга и посветена мајка и кога се ќе се сумира, Милена е жена за сите времиња.

Сепак, за водителката приватно малку се знае, зашто таа ретко ги открива тајните на својата интима… така беше барем до сега.

Но однеодамна,  Милена започна соработка со еден од реномиран бренд за долна облека, пижами, наметки, ноќници, костими за капење ,хулахопки… во земјава, или поточно стана еден вид нивно заштитно лице. Оттогаш Милена сакале или не, мораше да сврти друг лист, па јавноста се повеќе почна да дознава за нејзината приватност, за нејзините ритуали и навики…

Така на пример, сега сите знаат што прави водителката штом ќе се разбуди рано наутро… Свилената наметка со црна тантела на себе, која го истакнува сиот нејзин сексапил и првото утринско кафе крај прозорецот… за добро утро и убав и радосен ден на сите…

 

…Особено на комшиите, кои како едвај да чекаат водителката да стане. Зашто Милена рано наутро по кафе ритуалот, променета во истата онаа наметка како за неа кроена, има нов ритуал: залевање на саксикото цвеќе.

И додека „градинарот цвеќето го расте“,  комшиите среќни и насмеани, своето прво утринско кафе со мерак го пијат… на балкон. Па наместо со Милена да споделат проблем, со задоволство го споделуваат ритуалот… на тераса!

To top