Јелена Карлеуша, на судењето со Цеца Ражњатовиќ, што се одржа на 8 мај во Основниот суд 1, побарала иземање на судијата, но нејзиното барање било одбиено.
На претходното судење дошло до конфликт помеѓу адвокатот на Јелена и судијата Владимир Милетиќ. Откако судијата, според протоколот, ги прочитал правата и обврските на странките, адвокатот на Јелена се побунил. Тој му дал на судијата јасно до зџнаење дека неговиот клиент не мора да ја каже вистината, и има право да лаже, а потоа да побарал дисквалификација на судијата.
Сепак, првиот Основен суд во Белград, го одбил барањето за отстранување на судијата, по што Карлеуша ги изгубила нервите.