Радио Милева
заљубен

Еве зошто ја крие од јавноста и како се разбира со Ана Николиќ: Раста конечно прозборе за новата девојка Марија (фото)

Еве зошто ја крие од јавноста и како се разбира со Ана Николиќ: Раста конечно прозборе за новата девојка  Марија (фото)

Раперот Стефан Ѓуриќ Раста откри детали од врската со убавата Марија Балабан.

Пред неколку месеци во сите домашни медиуми одекна веста дека Стефан Ѓуриќ Раста си нашол нова девојка.

Раперот најпрвин на својот Инстаграм откри дека на одморот го придружувала згодна девојка, чиј идентитет тогаш не го otkril, но, набрзо се дозна дека тоа е Марија Балабан, која е 12 години помлада од него. Таа е актерка, а популарна е и на Тикток каде има над 82 илјади следбеници на кои на хумористичен начин им го покажува однесувањето на една балканска мама.

Раста сега конечно проговори за медиумите за својата нова љубов, но истакна и дека се уште е на мислење дека нема јавно да ја изложува својата врска, како и дека е среќен и заљубен.

“Сигурно е дека ја кријам од јавноста. Среќен сум, исполнет сум на секое поле и затоа се трудам да го задржам тоа – скриено од очите на јавноста”, рече тој.

Како што е познато Раста има ќерка со пејачката Ана Николиќ, а овој пат откри дека неговата наследничка ја запознала новата девојка.

“Да, тие се запознаа и одлично функционираат. Навистина, се е во ред”, рекол раперот.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/Марија Балабан/Дамир Дервишагиќ

Останати вести од Радио Милева