Радио Милева
заем или лихва?

Еве зошто го ограбија Саша Поповиќ: Покрај накитот и парите од сефот земени документи од 50 недвижнини и уште една важна работа!

Еве зошто го ограбија Саша Поповиќ: Покрај накитот и парите од сефот земени документи од 50 недвижнини и уште една важна работа!

Вилата на  Саша Поповиќ на 8 март беше ограбена од непознати крадци. Како што е познато, разбојниците го земале целиот сеф од куќата, а во официјалната изјава Саша не сакаше да даде повеќе детали, поточно што се имало во сефот, а што нему му е од голема важност.

Иако се сомневаше дека станува збор за пари и накит, точно е дека се во прашање документи, поточно имотни листови кои Поповиќ ги земал во залог, додека должниците на кои им позајмувал пари не го вратат долгот!

Фактот дека Саша честопати им позајмувал пари на луѓето е добро познат, а за оваа услуга Саша ги зема сопственичките хартии од нив како гаранција, која ќе им се врати кога ќе му ги вратат парите што им ги позајми.
Покрај тоа, крадците исто така, зеле скица на елитната населба која Саша требал да почне да ја гради на Бежаниска коса за неколку месеци. Скиците со целото архитектонското работење на Поповиќ сега исчезна.

Да потсетиме, меѓу оние што позајмиле пари од Саша, е и Аца Лукас. Поповиќ на Лукас му позајмил поголема сума на пари, а  пејачот како гаранција му го  оставил имотниот лист од својот стан.  Како што се зборуваше, Лукас му остана должен на поповиќ и ни когаш не му ги врати сите пари до крај,  но што се случи со неговиот стан под залог, никој не сакаше да зборува.

Останати вести од Радио Милева