Радио Милева Добрината не се заборава

Еве зошто Џорџ Клуни 14 најблиски пријатели ги почести по милион долари

Еве зошто Џорџ Клуни 14 најблиски пријатели ги почести по милион долари

Американскиот актер Џорџ Клуни (59) е навистина добар пријател. Во 2013 година, актерот на фантастичен начин им се оддолжил на своите најблиски пријатели, кои некогаш му помагале додека не бил познат и го трасирал патот до славата. Оскаровецот ги потврди гласините дека дал милион долари за своите 14 пријатели пред 7 години.

– Само што помислив дека ако ме удри автобусот, тие ќе бидат во мојот тестамент. Па, зошто чекам да ме удри автобус? – рече тој за списанието „GQ“ и за изданието „Човек на годината“.

Пред неколку години, најдобриот пријател на Клуни, Ранде Гербер (58) ги шокираше обожавателите кога рече дека Клуни ги покани своите пријатели на вечера и ги изненади со подарок од милион долари што им го подари на секој од нив.

Тоа беше многу пред Клуни, Гербер и другите пријатели да го продадат својот бренд текила за милијарда долари. Клуни откри дека кога решил да им даде пари на своите пријатели, тој бил сам, стар и не очекувал да има семејство. Актерот сега е оженет со адвокатката Амал Клуни (42) и е татко на тригодишните близнаци Александар и Ела.

– И си помислив, сè што имам се овие момци кои ми помагаа на еден или друг начин веќе 35 години – рече Клуни. – Спиев на нивните каучи кога немав пари, ми позајмија пари кога бев скршен. Тие ми помогнаа кога ми требаше помош со текот на годините. И мислев дека без нив нема да имам ништо од ова – заклучи Клуни.

To top