Актуелната девојка на фолк ѕвездата Дарко Лазиќ, и негова колешка Барбара Бобак сега откри што правела пред да заплови во естрадните води.
„Потекнувам од обично, нормално семејство. Јас бев од Вуковар, бев во основно училиште одличен ученик, како и во средно. Долго време работев како копирајтер во една австралиска компанија бидејќи се трудев од 18 години да не им бидам на товар на родителите и да се осамостојам. Работев и во теретана пред да почнам да ги пишувам тие написи на англиски“ – изјави Барбара во емисијата „Црвена зона“.
„Желбата за пеење дојде случајно кога на социјалните мрежи видов објава на другарка која е пејачка. Секогаш пеев убаво, но ми беше срам и незгодно да пеам пред други. Седев со моите пријатели од факултет во моментот кога го видов тоа. Инаку студирав програмирање.
„Правевме некоја алгебра што беше катастрофа за мене и само реков: „Не знам што правам овде, ќе се опробам како пејачка, па што сака нека биде!“ Брзо почнав да пеам по свадби и настапи. За мене се зборуваше, дали поради харизмата или поради пеењето, но на сите им се допадна нешто“ – ја продолжи приказната Барбара.
„Брзо почнав многу да работам, па се’ уште не сум свесна за се’ што ми се случува. Татко ми, кој има приватна транспортна компанија, сакаше да го наследам семејниот бизнис, но за мене тоа отсекогаш беше машка работа, а јас секогаш го сакав лесниот динар. Мајка ми е медицински работник, имам помал брат, се’ на се’, секогаш сме воделе нормален живот на просечно семејство“ – тврди Бобак .
„Никогаш ништо не ми недостасуваше, па сега морав да одам во пејачките води поради тоа. Сами така се наместија работите. На моите родители им требаше долго време да го сварат фактот дека решив да пеам, затоа што секогаш покажував афинитет кон учење и кон некоја канцелариска работа“ – открива пејачката.
„Се надеваа дека во одреден момент ќе се вразумам и ќе се фокусирам на семејниот бизнис, па ќе ја наследам фирмата на татко ми. Меѓутоа, кога сфатија дека ова е мојот пат, ми рекоа само да не се жалам и да не пеам по дупки, туку сето тоа да го правам на некое ниво. Не ми кажаа ништо што не го знаев и сакав“ – заклучува Барбара.
Фото: Инстаграм принтскрин/barbara.bobak