Сабина Сантл, хрватската ријалити ѕвезда се прослави со учеството во реалното шоу „Големиот брат“ во 2008 година. Таа веќе некое време има своја страница на еден познат сајт за возрасни – „Само за обожаватели“, каде што наплатува за својата голотија.
Сабина која е мажена и има сопруг и две ќерки, рече дека по една година студирање се откажала од Економскиот факултет. Таа одговораше на сите прашања на нејзините следбеници, па и на оние кои беа прилично провокативни.
„Дали децата еден ден ќе бидат горди кога нивната мајка ќе им ја покаже својата страница за возрасни?“ – иронично ја прашал еден следбеник Сабина.
„Моите деца веќе се горди што имаат мајка, која изгледа ТОП! Обожавам да правам провокативни фотографии и фортосесии. Додека позирам, се чувствувам среќна, задоволна и горда“ – му одговорила таа.
Друг обожавател ја прашал како нејзиниот сопруг реагира на нејзиното разголување на Интернет.
„Мојот сопруг е мојот најголем обожавател“ – одговара Сабина и додала дека обожава да носи танга.