По дваипол месеци пауза од снимањата на „Ѕвездите на Гранд“ поради мерките за коронавирусот, членовите на жирито и кандидатите повторно се собраа и подготвено зачекорија во четвртиот круг на музичкото шоу.
Екипата на нова.рс го посети студиото каде се снима музичкото шоу и забележа она што публиката не може да го види кога ќе се вклучат камерите.
Мира Шкориќ која е дел од тимот на Јелена Карлеуша пристигнала прва и веднаш си го зафатила своето место во бекстејџ. Веднаш по неа пристигнал и Александар Милиќ Мили кој седнал на своето место и се фатил за електронска цигара.
„Едвај чекав да започне снимањето, не се одмарав многу бидејќи работев со своите кандидати“ изјави Мили.

Вики Миљковиќ која претходно беше главна тема поради нејзиното бујно деколте, овој пат се појавила закопчана до грло.
„Убавице моја. Ти го нема доколтето од милион долари, тоа не е добро“, прокоментирала Мира, а Миљковиќ одговорила:
„Не благодарам, нема повеќе деколте. Остави го деколтето“.

Од друга страна, Марија Шерифовиќ се пожалила дека за време на паузата морала да завршува разни домашни обврски, па откри како едвај чекала да се врати на снимањата.
„Нема што не правев. И готвев, пеглав, снимав влогови…Имавте прилика се да видите, само нека помине оваа корона и да продолжиме да живееме“.

Ѓорѓе Давид бил најгласен. Прво, зборувал за својот албум, а потоа за кандидатите.

Ана Бекута, Снежана Ѓуришиќ и Драган Стојковиќ Босанац пристигнале во исто време. Снежана зборувала на телефон, Ана Бекута се подготвила за снимање.

Саша Поповиќ влетал во студиото, поразговарал со членовите, а потоа им рекол дека е време да започнат со работа

Меѓутоа, Јелена Карлеуша задоцнила и тоа со оправдување. Членовите на жирито не биле лути на неа, туку ја почекале 15 минути за да започнат.