Радио Милева

Eве што прави Даниел Кајмакоски по завршувањето на вонредната состојба во Србија (фото)

Eве што прави Даниел Кајмакоски по завршувањето на вонредната состојба во Србија (фото)

Даниел Кајмакоски по разводот од Кристина Димитриевска се посвети на својата музичка кариера.

Имено, тој веќе подолго време живее во Србија каде што често настапува заедно со својот бенд, како во Србија така и во соседните земји.

Исто така претходната година, Кајмакоски учествуваше во забавното шоу „Твоето лице звучи познато“ каде што ја однесе победата.

фото: принтскрин/инстаграм/даниелкајмакоски

Меѓутоа, поради пандемијата со коронавирусот и вонредната состојба во Србија, македонскиот пејач како и неговите колеги ги ставија своите кариери и настапи на „чекање“,

Кајмакоски беше изолиран во својот стан во Белград, а на социјалните мрежи се пофали како го поминува времето.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/daniel-kajmakoski-ostana-izoliran-vo-srbija-eve-kako-sam-go-minuva-vremeto-i-vo-shto-stana-ekspert-foto/

Пред неколку дена во Србија беше укината вонредната состојба, а граѓаните придржувајќи се кон мерките за заштита излегоа на улица, во кафулињата, рестораните, трговските центри, козметички салони….

Многу од познатите едвај чекаа да заврши ситуацијата за излезат надвор, а Кајмакоски го искористи убавото време за да ужива.

Пејачот седна на „пијачка“ на „Ада Циганлија“, остров на реката Сава во Белград, кој по вештачки пат е претворен во полуостров

Тој на социјалните мрежи објави фотографија како пие пиво, но не откри кој му прави друштво.

фото: Инстаграм

Како и да е, се надеваме дека ситуацијата наскоро ќе се нормализира, па и пејачите ќе може да се вратат на работа односно на своите концерти и настапи.

To top