Радио Милева

Еве што правеа познатите за време на полицискиот час (фото)

Еве што правеа познатите за време на полицискиот час (фото)

На територијата на Македонија изминатиот викенд беше прогласен полицски час кој траеше од петок од 16 часот до понеделник до 05часот.

Согласно со мерките за заштита, граѓаните ги почитуваа правилата да не излегуваат од своите домови, освен ако имаа итна и неопходна потреба, а претходно за тоа требаше да се најават и да ја известат полицијата.

Коронавирусот ни стави кочница на секојдневните активности и забрзането темпо на живот, па ако пред еден месец парковите, кафулињата, рестораните, улиците беа преполни со луѓе, сега се празни.

Македонските јавни личности исто така ги почитуваат препораките и јавно преку своите профили на социјалните мрежи апелираат до сите да останат дома.

Некои од нив се вклучуваат и во живо од своите домови од каде што се дружат со фановите, држат концерти….

Познатите го почитуваа и полицискиот час и останаа во своите домови. Тие со мобилните телефони снимаа како го поминаа измнатиот викенд во изолација, а тоа го споделија на социјалните мрежи.

Викторија Лоба

Македонската пејачка Викторија Лоба беше заедно со нејзиниот свршеник во станот во центар, а таа со камера забележа како нејзините соседи го поминуваат времето.

Излезени на тераса и со музика, скопјани се обидеа на полесен и повесел начин да го поминат овој викенд.

Елена Стефановска

Музика ечеше и во малото на ТВ водителката Стефановска, а таа овој момент го сподели на „Инстаграм“ и покажа како изгледа во нејзиното соседство  за време на полициски час.

Антониа Гиговска

Гиговска исто така ги почитуваше мерките за зашитата и остана во својот дом, а времето кое е определно за шетање на миленичиња таа го искористи за да излезе со своето куче.

Лила Филиповска

Водителката на „Се или нешто“, Лила Филиповска за време на полицискиот час беше во својот стан, а друштво и правеше нејзиниот мачор Рагнар.

Симона Попоска

Македонската пејачка Симона Попоска викендов по дома  го помина во опуштено издание и покажа како изгледа без шминка.

Сузана Гавазова

Како за повеќето жени во изолација, кујната е место каде се минува најмногу време, а  пејачката  Сузана  Гавазова крајниот резултат од вештината во готвење, го покажа пред следбениците.

фото: инстаграм

To top