Радио Милева

Еве што напиша Ина МногуФина за свадбата на синот на Цеца (фото)

Еве што напиша Ина МногуФина за свадбата на синот на Цеца (фото)

Синот на Цеца Ражнатовиќ, Вељко Ражнатовиќ вчера заплива во брачните води со неговата избраничка Богдана Родиќ. Семејството Ражантовиќ од нивниот дом на Дедиње се упати во домот на невестата каде што беа испочитувани некои обичаи.

Имено, по пристигнувањето во домот на Богдана, Вељко пукаше во јаболко и ја купи невестата.Во текот на вчерашниот ден главна тема во сите регионални медиуми беше токму свадбата на Вељко и Богдана.

Сите регионални и домашни медиуми  известуваа и за секој детаљ за „свадба на деценијата“, а „Пинк“ имаше и пренос во живо.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/veljko-ja-zema-bogdana-od-tatko-i-poglednete-ja-atmosferata-vo-domot-na-nevestata-video/

Семејството Ражнатовиќ и семејството Родиќ испочитуваа неколку обичаи, а Богдана се појави  во веначницата на Цеца.

Македонската твитерџика Ина Многуфина не остана должна да не ја прокоментира свадбата на синот на Цеца. Имено, на самиот ден пред да започне свадбата, твитерџиката на својот „Фејсбук“ напиша:

Денес Светле од Житораѓа синот го жени вие спиете ко ништо битно да не се дешаа, напиша Ина Многуфина и во свој стил го прокоментира ова случување.

фото: фејсбук

За потсетување, Богдана и Вељко следната година ќе станат родители на нивното прво дете.

Останати вести од Радио Милева