Радио Милева

Еве што ќе прават српските ѕвезди со 100те евра од државата

Еве што ќе прават српските ѕвезди со 100те евра од државата

Познатите ѕвезди како полнолетни граѓани на Србија имаат право на еднократна помош од 100 евра кои ќе ги добијат од страна на државата поради ситуацијата со короната.

Познатите за телеграф.рс открија што ќе направат ако добијат по 100 евра.

Пејачот Аца Лукас нема да ги земе парите, а има идеја да се организира и некоја хуманитарна активност.

„Нема да ги барам, не ми требаат. Ќе биде добро ако се дадат на некој на кој се потребни. Не би било лошо да се направи хуманитарна акција и сите кои се откажале од парите да се дадат на луѓе на кои им се потребни“ вели Лукас.

Пејачот Миле Китиќ е пензионер и спаѓа во групата на луѓе кои добиваат 100 евра со пензијата.

„Јас сум пензионер, сите пензионери од 5 мај добиваат по 100 евра, а останатите полнолетни граѓани треба да се изјаснат. Мени ми ја донесуваат пензијата на домшна адреса, но сакам да ги контактирам и да им кажам дека не ми требаат тие пари. Сакам да ги дадам на оние на кои им е потребно, ќе видам како и на кој“ вели Китиќ.

фото: Принтскрин/хепитв

Исто така и Бобан Рајовиќ вели дека нема да ги земе парите и ќе ги донира истите на оние на кои им треба.

„Нема да се јавам во кол центарот. Кога слушнавме за тоа, јас и моето семејство дискутиравме на таа тема. Секако дека нема да ги земеме тие пари. Се надеваме дека ќе бидат дадени во вистински раце, на оние на кои им е потребно, на пример на медицинските работници. Преживеав многу потешки работи за да барам 500 евра од државата бидејќи дома сме 5 луѓе кои се полнолетни“ вели Рајовиќ.

фото: ата имагес

Водителката Душица Јаковљевиќ исто така нема да ја прифати помошта од државата.

„Со задоволство ќе се откажам од тие 100 евра. Не затоа што не ми се потребни и ние живееме нормални животи, не е се толку гламурозно како што изгледа. Секако дека има луѓе на кои им се потребни пари и многу е важно да ги потикнеме луѓето да размислуваат на заеднички интерес. Постојат институции и луѓе на кои помошта им е многу повеќе потребна отколку на мене“ вели водителката.

фото: A. Налбантјан

Водителката Весна Дедиќ за телеграф.рс вели што ќе правите со 100те евра на кои има право.

„Постојат познати личности кои живеат многу скромно, како и анонимни граѓани кои одлично стојат со финансиите. Не треба да се очекува сите познати да се откажат од парите поради причината која ја наведов. Што се однесува на тие 100 евра на кои имам право, кога ќе знам каде одат тие пари со задоволство ќе ги донирам на оние на кои им е најпотребно“ вели водителката.

фото: принтскрин/ртс

Пејачката Катарина Живковиќ, пејачот Слоба Радановиќ и водителката Дајана Пауновиќ исто така се откажуваат од еднократната помош на државата и 100те евра ќе ги дадат на оние на кои им е најпотребна.

Српската пејачка Александра Пријовиќ за курир.рс открива дека нема да ги прифати парите од државата.

„Нема да се пријавувам за помош. Имаме среќа што нашата фирма е многу успешна во последните неколку години, така да вонредната состојба ја поднесуваме многу полесно од другите. Затоа верувам дека е подобро тие пари да завршат во рацете на оние на кои им се најпотребни. Секако, секоја чест на надлежните институции кои се турдат да помогнат во овој тежок период“вели пејачката.

фото: aта имагес

По овој повод се огласи и Милица Павловиќ која не сака да ја прими финасиската помош.

„Нема да ги земам парите бидејќи има луѓе на кои име најпотребна. Во секој случај и благодарам на државата што овозможува да ги земеме парите“ вели Павловиќ.

фото: Принтскрин

Ни Цеца нема да ги земе парите.

„Нема да земем финасиска помош“ кратко прокоментира Цеца.

Кија Коцкар вели дека ќе ги земе парите и ќе ги даде на оние на кои им е најпотребна.

„Секако дека ќе ги земам парите и ќе ги дадам на некој на кој им се потребни. Најверојатно на сестра ми која имало дете и не работи, а платата и е 15 000 динари. Секако дека треба да се земат и лично да се дадат на некој на кои им се потребни, а не да се остават на државата. Срамота е што многумина ги исмејуваат тие 100 евра. Ако не ти требаат уплати ги на некое дете за лекување или донирај ги на некое семејство“ вели Коцкар.

фото: соња спасиќ

И Ана Кокиќ ќе ги земе тие 100 евра и ќе даде во хуманитарни цели.

„Ќе ги земам тие 100 евра и ќе ги дадам во хумантирани цели бидејќи во целата оваа ситуација потешко ќе се собираат пари за болните деца, мора да мислиме и на нив“ вели пејачката.

To top