Радио Милева исполнето претскажување?

Еве што и „предвидоа“ за оваа година на Антониа Гиговска: Работите и се под контрола… или вон неа? (ФОТО)

Еве што и „предвидоа“ за оваа година на Антониа Гиговска: Работите и се под контрола… или вон неа?  (ФОТО)

Антониа Гиговска со една споделена инстаграм порака или поточно „туѓ цитат на своја сметка“ ја збуни јавноста, оставајќи ја во дилема. Дали пејачката реши да покаже што и „претскажуваат ѕвездите“ за следната година или да се потсети што и предвидоа за годинава што изминува, остана нејаснотија?

Ако е во прашање иднината, допрва ќе видиме и дознаеме дали „претскажувачите“ биле навистина видовити или сето ова го кажале онака – „ѓомити“? Ама ако е во прашање актуелнава година, тогаш може слободно да направиме анализа на предвидувањата. Се исполнија или не, сега лесно е да се расознае!

Имено Антониа на инстаграм приказните ја споделила следната фраза: „Ова е твоја година. Ќе имаш контрола на зборувањето, умот, расположението и… парите“!

Е, сега, ако е тековната година во прашање, кога сме кај контролата на говорот, Антониа после се’ што и се случи во приватниот живот, речиси и не зборуваше во јавноста, избегнувајќи да се изјасни… Затоа пак зборуваа сите останати. И кој треба и кој не треба!

За контролата на умот – како ќе се земе! Да забремениш со добар другар на момчето со кое си во повеќегодишна врска, за едни е надвор од умот, а за други: „Слушај го срцето, а не умот“!

Аналогно на случувањата и контролата на расположението – променлива. Од една во друга крајност, од шок  до најголема радост. Особено по раѓањето на синчето Киан!

А кога сме кај парите? Повеќе трошок, отколку заработка…? Венчавка, принова, мекици… сето тоа поприлично чини. Освен покрај оној од свирките ако не се брои и ќарот од парите во ковертите,  добиени за благослов од најблиските, роднините и пријателите.

Па сега вие видете што тоа се исполнило од предвидувањата во тековната година, и дали Антониа реално ја има(ла) контролата на нештата?

„Сигурно многу од вас се борат за она што го сакаат, па така и јас се борев докрај и секогаш ќе се борам за сите мои блиски. Не се ограничувајте, следете си го срцето, правете го тоа што вас ве прави среќни“ – ќе изјави своевремено Антониа, па веројатно ова и важи и денес?

А предвидувањата? Ако се поклопат добро, ако не – никому ништо. И таа, а и Вие  – нема зошто да се оптоварувате и мачите… Не е ни до неа, ни до Вас – сигурно „не ги бива“ претскажувачите!?

Фото: Инстаграм/antoniagigovskaa

 

To top