По повод денот на мајките, славната холивудска актерка Анџелина Џоли на својот Инстаграм профил објави ретро фотографии со својата мајка Маршелин Бертранд.
На фотографиите може да се види и како таа изгледала во младоста кога Анџелина и нејзиниот брат биле малечки. Џоли наследила многу од убавината на мајка си за која во описот на објавата напиша:
-Мајка ми ме носеше на секоја аудиција, можеше да чека во автомобилот со часови, секогаш правеше да се чувствувам многу добро, не беше најдобриот критичар, бидејќи немаше ништо нељубезно да каже, но секогаш ми даваше љубов и самодоверба –пишува Џоли.
Инаку, актерката и режисерка Анџелина Џоли ја загуби мајка си Маршелин Бертранд во 2007 година како резултат на рак на јајниците. Бертранд имаше 56 години кога почина и за жал не успеа да ги запознае сите деца на својата ќерка.
„Таа беше многу мека, но можеше планини да премести за своите деца. Тоа се квалитети на кои им се воодушевувам кај една жена: таа мешавина на мекост и сила“, изјави во една прилика за магазинот „Мери Клер“.