Познато е дека пејачите и актерите покрај основната заработка, земаат и сериозни пари од рекламирање производи на социјалните мрежи. За време на короната, ова е еден од нивните главни приходи, а се почесто гледаме големи sвезди кои вложуваат многу време во фотографии и постови, со цел подобро да ги изрекламираат своите производи. Една ваква објава на профил што има повеќе од 50 000 следбеници чини минимум 300 евра, додека оној што има повеќе од 100 000 следбеници може да наплати околу 900 евра за реклама.
Ако некој производ го рекламира sвезда која има над 500.000 следбеници (како Кија Коцкар, Луна Ѓогани, Цеца и други), тоа чини до 3.000 евра. Оние што имаат милион следбеници, логично, заработуваат најмногу. Дури 6.000 евра и повеќе. За потсетување, ѕвезди кои имаат 1 милион следбеници се: Новак Ѓоковиќ, Милош Биковиќ, Анастасија Ражнатовиќ, Немања Матиќ, Ана Ивановиќ, Сека Алексиќ, Бака Прасе, Теодора Џехверовиќ, Јелена Карлеуша и актерот Дарко Периќ, кој игра во една од најпопуларните серии “La casa de papel”.
Сека Алексиќ дефинитивно рекламира најмногу од познатите личности, па сигурно за неа нема зима.
Мртва трка е исто така се води помеѓу Луна и Кија, кои се вечни ривалки во се, па и во оваој сегмент. Се вели дека цената на нивниот пост е околу 2.000 евра.
Анастасија веќе се пофали дека се издржува и дека заработува најмногу од социјалните мрежи. Се шпекулира дека таа самата си го платила спотот од 22.000 евра. Според извештаите на медиумите, Душко Тошиќ покрај фудбалот, заработува добри пари и од Инстаграм. Неговиот пост чини околу 2.000 евра, а во странство и уште повеќе.
Блогерката Зоранах вложува многу во Инстаграм и за само еден пост, таа добива повеќе од 3.000 евра.
Инаку, Зорана Јовановиќ истакна дека во Србија има поинаква тарифа и дека наплатува помалку отколку во странство, каде се говори дека постовите на познатите српски јавни личности можат да достигнат цена и до 12.000 евра по објава!