Најголемата продукција на Балканот, „Гранд“ последните пет години бележи заработка во милиони.
Претходната 2018 година, крајниот баланас изнесувал околу 4 000 000 нето приходи, што е осум пати повеќе од претходните години, пишува курир.рс
Според податоците во Агенцијата за регистри, најголемата музичка ѕвезда и понатаму поседува 25% од „Гранд“. Брена како сопственик на една четвртина од капиталот, од вкупната заработка и припаѓаат околу еден милион евра, додека на Саша Поповиќ му следуваат повеќе од 960 000 евра бидејќи е сопственик на 24% од „Гранд“.
Остантите 51% е во сопственост на странска компанија.
Од моментот кога ги продале своите 51% од продукцијата, тие заработуваат се повеќе. Така во 2014 година освен од продажбата на продукцијата тие заработиле и дополнителнои 120 000 евра од Гранд.
Во 2015 година, работата тргнала на уште подобро, па тие заработиле 1 650 000 евра, од тие 412 500 и припаднале на Брена, а на Саша околу 396 000.
Нивната заработка се зголемила во 2016 и 2017 година кога заработиле 2 870 000 односно 3 300 000 евра.
Најмногу заработка добиле од регионалите музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“. Како што пренесува курир.рс од само една емисија тие заработувале 100 000 евра. Исто така одлично заработиле и од „Никогаш не е доцна“ како и од „Практична жена“.
Од останатите проекти на “Гранд’, тие одлично зарботуваат и од Гранд телевизија, како и проджабата на албумите на познатите пејачи.
Неодамна во едно интервју, Поповиќ откри дека заработува повеќе од кога и да било.
„Во последните две сезони, „Гранд“ најмногу заработуваше“ изјави директорот на продукцијата во 2018 година.
Во последните пет години, вкупната заработката на Поповиќ изнесува 10 500 000 евра, а Лепа Брена е богата за 11 милиони евра во последните пет години.