Цеца Ражнатовиќ е новиот член на жирито во „Ѕвездите на Гранд“ наместо Јелена Карлеуша.
Како што пишува курир.рс Цеца ќе добие хонорар од 200 000 евра за учеството во целата сезона и со тоа таа ќе биде најплатена.
Според пишувањата, Драган Стојковиќ Босанац добива 2000 евра по емисија, Ѓорѓе Давид 3000 евра, Вики и Ана Бекута по 2500 евра, Марија Шерифовиќ – 4500, додека пак Јелена Карлеуша од секоја емисија заработувала по 6000 евра.
Бидејќи една сезона има 40 емисии, Босанац заработува 80 000 евра, Ана и Вики по 100 000, Ѓорѓе Давид 120 000 евра, Шерифовиќ 180 000 евра, а Карлеуша 240 000 евра во сезона.
Цеца изјави дека нејзиниот хонорар е регулиран со договор по закон.
„Се е прецизно, многу детално, а секако дека данот ќе биде платен, како и за сите професионални ангажмани“, изјави Цеца.
Меѓутоа, по објавувањето на текстот колку заработуваат членовите од жирито, се огласи продукцијата со соопштение:
„Никој од членовите на жирито нема никаков договор за спомнатите хонорари, ниту пак ги добиваат“, велат од Гранд за курир.рс
фото: ата имагес/дадо дилас/ драгана удовиќиќ/мартин кривокапиќ/дамир дервишагиќ/ана пуанковиќ