Летната сезона е шпицот на сите пејачи, но само некои од нив работат со полна пареа. Сепак, една пејачка оваа година особено се истакна и предизвика вистински хаос на страдата, а годината ќе ја заврши како милионер. Иако Александра Пријовиќ и Светлана Цеца Ражнатовиќ веќе имаа голем број настапи, кога станува збор за бројот на тезги ги надмина Теа Таировиќ.
Според медиумските шпекулации, Теа има закажано настапи во текот на годината низ цела Европа, а летото и било особено активно бидејќи пеела речиси секој ден.
Но, за неа нема одмор ниту наесен. Таировиќ во текот на ноември ќе одржи три концерти во далечната Австралија од кои, како што дознаваме, ќе заработи 90.000 евра. Таировиќ во изминатите денови настапуваше на црногорското приморје, каде нејзините концерти беа многу популарни, па во рок од еден месец двапати пееше во некои клубови.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Теа Таировиќ