Радио Милева

Еве која македонска пејачка беше таинствен член во жирито на „Ѕвездите на Гранд“

Еве која македонска пејачка беше таинствен член во жирито на „Ѕвездите на Гранд“

Секоја сабота имате прилика да го гледате регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ каде што покрај стандарните членови на жири секогаш има некој таинствен.

На таинствениот член гласот му е модифициран, а освен гледачите пред малите екрани, присутните во студиото не можат да го видат.

Овој пат, нашата македонска пејачка Тијана Дапчевиќ се најде во улога на таинствениот, па заедно со нејзините колеги и колешки требаше да ги оценува кандидатите.

фото: Јутуб/принтскрин

Но, на крајот нејзиниот идентитет беше откриен и таа се обрати на македонски:

„Сакам да ви се заблагадорам што ме викнавте да бидам таинствениот вечерва. Не ме прашавте, но  сакам да ви кажам – ако на Марија Шерифовиќ се тешки песните за пеење, на Јелена Карлеуша се уште потешки, рече Тијана.

https://www.youtube.com/watch?v=K6KfdP6ou0A&t=5869s

To top