Радио Милева

Еве која е Емра Куртишова кога не ја глуми Исаура во „Преспав“ (фото)

Еве која е Емра Куртишова кога не ја глуми Исаура во „Преспав“ (фото)

Во третата сезона на популарната македонска серија „Преспав“, се појави помошничката Исаура која стана голема љубов на рецепционерот Талат, но за брзо време таа си замина од пансионот со својот Лоренцо.

Во четвртата и најнова сезона на „Преспав“, Исаура повторно се врати, но овој пат по желба на Талат (кој стана менаџер) и остана подолго, но приказната се повтори и таа пак си замина со Лоренцо.

фото:емра куртишова/инстаграм

Имаше доста комични сцени кога е во прашање Исаура, особено онаа кога му ја предвидува иднината на брат Миле.

фото:емра куртишова/инстаграм

Улогата во „Преспав“ на актерката Емра Куртишова (34) и донесе популарност и кај повозрасните, бидејќи како професионален актер во Театарот за деца и младинци во Скопје, добро позната е кај помладата публика.

Но, сега повеќето ја препознаваат како Исаура – љубовта на Талат.

фото:емра куртишова/фејсбук

Емра во 2009 година дипломира на Факултетот за Драмски Уметности во Скопје, а досега има одиграно бројни претстави за деца.

Изминатата 2019 година таа ја одигра 50-та изведба на детската претстава „Check in: Пред зграда”, додека сега новиот репертоар во ТДМ го започнува со “Цветната улица“.

фото:емра куртишова/инстаграм

За себе вели дека приватно е обична девојка, а за неа театарот и прави топло на душата, игра која скокотка, среќа, љубов, жар,солзи, крв смеа…

Не многу ги сака социјалните мрежи и не е меѓу поактивните корисници, но затоа во себе има огромна љубов за животните.

фото:емра куртишова/фејсбук

Со крајот на четвртата сезона на „Преспав“ ќе ни дедостасуваат сите ликови, меѓу кои секако и Исаура!

To top