Изминатиот викенд од содржите на Вистина.ком.мк можевте да прочитате за тоа дека македонскиот натпреварувач од музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, Адам Лабунски, е дисквалификуван од шоуто, а тоа го соопшти неговата менторка, пејачката Марија Шерифовиќ.
Српската музичка ѕвезда на својот Инсатаграм профил откри дека одлуката била на продукцијата, и дека на местото на Адам ќе се вратат какдидати кои тоа го заслужуваат. Потоа се огласи и Адам, кој преку приватни пораки откри дека несогласувањето настанало поради тоа што таткото на кандидатот Данијел Васиќ сакал да спие во собата со неговиот син, што не му одговарало на Албунски, па реагирал кај Шерифовиќ.
Иако изгледа дека се уште не излегло се’ на површина, Шерифовиќ на својот профил преку кусите приказни го откри името на кандидатот кој ќе се најде на местото на отстранетиот Адам.
Имено,станува збор за Минел Спановиќ, а освен него Марија ќе му даде златен глас на Армин Јусуфовиќ за да се врати во шоуто.
На Адам не му остана ништо друго да каже, освен да сподели неколку фотографии на кусите „Инста-приказни“ од фановите кои го поддржуваат и им е жал што тој повеќе нема да биде дел од највозбудливите моменти на „Ѕвездите на Гранд“.