Радио Милева
прави се' за да ја усреќи

Еве кој е зетот на Топалко: Има зграда од 20 ката во Дубаи, се вери со Хелена во Марбеља и секојдневно и купува подароци (ФОТО)

Еве кој е зетот на Топалко: Има зграда од 20 ката во Дубаи, се вери со Хелена во Марбеља и секојдневно и купува подароци (ФОТО)

Хелена, ќерката на пејачот Милан Топаловиќ Топалко кон средината на септември се омажи за својот избраник Драган Алексиќ, поранешниот сопруг на водителката Јелена Димитријевиќ, кој очигледно прави се’ за да ја усреќи.

Така, сега Хелена на својот Инстаграм профил, како дел од приказната, се пофали со букет цвеќе што го добила од својот сакан сопруг.

„Маж“, напиша таа, ставајќи емотикон со срце до постот и фотографијата.

Освен што со сопругот патува на луксузни дестинации, па биле на меден месец на Сејшелите, тој секојдневно знае да ја израдува и со некои ситници.

Така, Хелена пред извесно време објави дека добила огромен телевизор од сопругот, врз основа на тоа што изјавила дека би било убаво да има проектор.

Да потсетиме, Хелена се сврши на почетокот на септември во Марбеља и покажа скап прстен што го доби од нејзиниот вереник, а потоа уживаа на Ибица.

Многумина беа изненадени од фактот што Хелена се омажи, бидејќи никој не очекуваше венчавката да се случи толку брзо.


Таа блесна во прекрасна венчаница, а за изнајмување издвоила од 400 до 500 евра. Ден по венчавката се шпекулираше дека Хелена е бремена и затоа побрзала со мажачката, но таа експресно на сите им стави до знаење дека тоа не е вистина.

Според медиумите, сопругот на Хелена е бизнисмен, кој поседува дваесеткатница во Дубаи, а таа на оваа дестинација била на почетокот на годината.

Фото: Инстаграм принтскрин/helena_topalovic

Останати вести од Радио Милева