Македонската ТВ водителка и новинар Марија Маца Петровска која најмногу ја познавате од некогашниот естраден ТВ магазин „Бекстејџ“ и како водителка на Македонскиот радиски фестивал „МАРС“, последниве дречиси две години живее кај својот избраник Михаел, во Цеље, Словенија.
Марија и Михаел иако се’ уште не се во брак, живеат заедно… Маца е на еден вид проба… И животна и работна, зашто веќе работи во едно тамошно локално радио. И додека е извесно дека професионалните стандарди сосема ги исполнила, вклучувајќи ги работните обврски и совладувањето на словенечкиот јазик, приватноста како се’ уште да е на тест… Ама по се’ изгледа, не ќе да е за долго!
Имено водителката најпрвин постираше фотографија на која се гледааат два вкрстени прстена, што секако асоцира на нешто, што можеби е во најава и треба да се случи наскоро… Претпоставуваме, брак!
Во случај, „ брачниот тест период“ да и биде продолжен, Маца јасно и гласно, а Бога ми и сликовито му даде до знаење на својот избраник Михаел што го чека: „Ако не ја зема, наша Маца еве што му спрема“!