Откако вчера беше објавено името на синот на Меган Маркл и принцот Хари и на светот му беше откриено дека наследникот ќе се вика Арчи Харисон Маунтбатен-Виндзор, твитерџиите веднаш започнаа со коментари за значењето на името.
Тие најмногу коментираа за средното име на кралското бебе.
„Средното име на бебето е Харисон, како син на Хари (Harry’son)“.
‘Archie Harrison’ as in Harry’s son. ?? #BabySussex pic.twitter.com/VVWLal8mPw
— Sincerely Sarah (@SincSarahSnaps) May 8, 2019
„Харисон значи синот на Хари, во случај да не знаеме дека е негов син. Само јас ја забележав оваа игра со зборови? Харисон како син на Хари“ пишуваа твитерџиите.
Дека кралскиот пар се водел по таа логика, за CNN потврди член на кралското семејство.
Некои од твитерџиите го толкуваа и првото име на бебето, Арчи.
„Арчи звучи како да е постар човек“ коментираат корисниците на социјалните мрежи.
За потсетување, Меган се породи пред два дена, а ова е прво дете на војвотката од Сасекс и принцот Хари.