Младата ѕвезда Александра Пријовиќ неодамна го постигна успехот за кој сонуваат многу нејзини колешки, кога наполни три Арени во Белград, по што закажа четири во Загреб.
Иако работи напорно, јасно е дека и Александра знае да ужива, па неодамна се почести со луксузен автомобил.
Станува збор за ново црно БМВ чија цена на пазарот е над 150.000 евра, кое за прв пат го покажа на роденденот на нејзиниот кум Ацa Пејовиќ.
Инаку, Александра веќе поседува бело БМВ за кое во 2020 година платила 130.000 евра.
– Прија ангажираше личен шофер, кој ја вози каде сака, а ќе ја вози и кога ќе почне да настапува. Таа многу ретко го вози својот нов џип сама. Таа вели дека возењето и е стресно, па решила да му плати на возачот – изјави тогаш изворот за медиумите, додавајќи:
– На Александра отсекогаш и било важно автомобилот што го вози да биде безбеден и брз, а откако го роди синот Александар, најважно и е да биде и безбеден. Затоа бараше модел на автомобил во кој ќе се чувствува безбедно секогаш кога ќе оди на пат со својот син. Кога конечно го нашла тоа што го барала, Прија не зажалила за парите за автомобилот. Нејзиното BMW X6 го има најдобриот пакет, има и детска заштита за вратите. Дополнително, Александра побарала бојата на автомобилот да биде бела, за што доплатила, додека седиштата се кожни – објави Пинк.рс.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Папарацо лов