Драгољуб Беквалац, познатиот фудбалски тренер и татко на пејачката Наташа Беквалац, пред неколку дена доживеа срцев удар по што итно беше хоспитализиран во клиничкиот центар „Војводина“ во Нови Сад.
Беквалац сега за првпат се огласи по срцевиот удар, кој за среќа не бил силен. Инаку,на Драгољуб му биле вградени два стента, а потоа е пуштен дома кога лекарите констатирале дека неговата состојба се подобрува.
-Сега е се’ добро, но не беше. Ми вградија стентови, сега сум на домашно лекување, а овде доаѓаат да ми стават инјекции. Со семејството ќе пребродам се, само ми е важно тие да се до мене. Моментално кај нас има позитивна атмосфера, што многу ми помага во закрепнувањето, вели таткото на Наташа Беквалац за српските медиуми.