Познатиот српски стилист и креатор Саша Видиќ почина вчера на 52-годишна возраст во КБЦ „Бежанијска коса“ во Белград.
Медиумите и јавноста ја чекаа реакцијата на Светлана Цеца Ражнатовиќ за смртта на креаторот со кој пејачката соработуваше 16 години.
Имено, Цеца пристигна на снимањето на емисијата „Ѕвезде Гранда“ во црн фустан и имаше големо ланче со бисери, а обезбедувањето и помогна да носи торби со подароци за роденденот на Саша Поповиќ кој наполни 69 години.
Пејачката на прашањето да ја коментира смртта на Саша Видиќ, со кој не беше во добри односи во последните години, не сакаше ништо да каже.
– Добар ден, многу ви благодарам – беше се што рече Цеца и влезе во студиото.
Да потсетиме, Цеца и Саша работеа долго, а кога прекинаа соработка, креаторот не ја штедеше пејачката и често зборуваше негативно за неа.
фото:принтскрин/Информер.рс