За разлика од соседството, кај нас модната критика речиси и да ја нема, па затоа српските модни критичари почнаа да ги коментираат и нашите пејачи кои се појавуваат на големи регионални настани, како во случајот неодамна одржаните МАЦ музички награди во Белград.
Таму се појави и младата македонска пејачка Лина Пејовска која очигледно ја воодушевила тамошната модна полиција.
Па така, критичарот Давид Чурчиќ избра да го оцени изгледот на Лина која се појави во дизајнерски фустан со футуристички елементи.
-Лина е бомба! Има преубаво лице! Фустанот на Тамара Стерјов баш ми се допадна, тотално уникатна, дури би можела да се направи и како тоалета. Но, Лина е млада, така што вака кратка е полн погодок. Супер е изработена, футуристичките елементи се врв, коментира Давид Чурчиќ, модниот уредник на српскиот магазин „Jolly“ и критичар во модна полиција.
На Лина ова и тоа како и годеше, па се пофали споделувајќи го коментарот на својот Инстаграм профил.