Радио Милева

Eве како Меган Маркл и Хари ќе го прослават првиот роденден на синот Арчи

Eве како Меган Маркл и Хари ќе го прослават првиот роденден на синот Арчи

Синот на Меган Маркл и Хари на 6 мај ќе го прослави првиот роденден во нивниот дом во Лос Анџелес.

Иако прво било замислено да направат голема роденденска прослава во Англија, поради короната нивните планови се одложени.

Извор за „El news“ вели дека Арчи роденденот ќе го прослави со своите родители.

„Бидејќи се откажани настаните поради кои Меган и Хари требаше да се вратат во Велика Британија, но и поради социјалното дестанцирање тие ќе останат во Лос Анџелес“, тврди изворот и додава дека најверојатно ќе им се придружи мајката на Меган Маркл.

фото гуливер гети имагес

Изворот тврди дека роденденот ќе го прослават кога ќе заврши целата ситуација.

„Пред Арчи, роденден прослави кралицата Елизабета“,   вели изворот и додава дека кралското семејство ќе најде начин да ужива во овие моменти.

Меѓутоа, роденденот на малиот Арчи нема да помине без еден детаљ.

фото гуливер гети имагес

Имено, бидејќи Меган и Хари повеќе не се дел од кралското семејство и не мора да ги почитуваат правилата, тие сакаат нивниот син на овој посебен датум да добие посебни фотографии.

„Може да очекувате да ги видите наскоро“, вели извор.

Тој не откри за какви фотографии се работи ни кога ќе бидат објавени во јавност.

To top