Слободан Радановиќ вчеравечер одржа промоција на синглот „Коцка“. На промоцијата присуствуваа голем број негови колеги, но и неговото семејство.
Најгорда на синот беше мајката Драгиња, која немаше проблем за медиумите да зборува за сега веќе поранешната снаа Кија Коцкар.
-Тие сега се колеги. Нормално е да се поддржуваат. Се е тоа живот и шоу-бизнис – кажа мајката на Слобо за Пинк.рс
На нејзината среќа и немало крај. Не само поради промоцијата на новата песна, туку и затоа што нејзиниот син се занимава со работа што ја сака, па цела вечер не ја симнувала насмевката од лицето додека го гледала Слобо заедно со гостите.