Радио Милева

Еве како Јован Јованов заедно со својата ќерка го минува времето во изолација во својот дом во Канада (фото)

Еве како Јован Јованов заедно со својата ќерка го минува времето во изолација во својот дом во Канада (фото)

Пандемијата со коронавирусот која владее речиси во целиот свет, сите не затвори дома.

Ако пак во лошото бараме добро, тогаш домашната изолација ни овозможува многу повеќе време да минуваме со најблиските.

Социјалните мрежи пак се прозорец кон светот, па ретко кој не се активираше на својот профил или на „стори“ приказните. Меѓу тие личности е и македонскиот композитор и продуцент Јован Јованов, кој за промена, наместо од студиото, покажа дел од домот и тоа како заедно со својата ќерка го минуваат времето зад четири ѕида.

Имено, „Тик-Ток“ апликацијата беше алатката со која се забавуваа тато и наследничката, па покажаа како играат заедно.

Малеа е веќе потпораснато деветгодишно девојче за кое времето ќе покаже дали ќе има интерес во музиката, како во случајот со играњето.

За потсетување,во 2014 година Јован замина да си ја побара среќата во странство и да се усоврши во областа на „саунд инжинерингот“. Тој е комплетно посветен на музицирањето во своето студио во Канада.

фото:јован јованов/инсатграм

Јованов веќе две години живее во Торонто, а во една прилика изјави дека тој и особено малата Малеа, одлично се приспособила на тамошниот живот.

To top