Радио Милева

Еве како изгледа првата сопруга на Аркан со која доби четири деца (фото)

Еве како изгледа првата сопруга на Аркан со која доби четири деца (фото)

Војин Ражнатовиќ, синот на покојниот Жељко Ражнатовиќ Аркан на социјалните мрежи објави фотографија со својот татко која јавноста досега не ја видела.

Имено, Војин со следбениците сподели фотографија од сетството на која се гледа неговото семејство. Фотографијата е од 1988 година во Црна Гора пред манастирот Острог.

Покрај Војин, на фотографијата се наоѓа и неговиот брат и сестра, мајка му Наталија и таткото Жељко. Аркан од првиот брак со Наталија Мартиновиќ доби четири деца, близнаците Војин и Никола и двете ќерки Маша и Милена.

Foto: Screenshoot Instagram

Близнакот на Војин со години не живее во Србија, а познат е по тоа што во 1998 година беше манекен во спотот на цеца за „Невалјала“.

Vojin Ražnatović, Foto: Facebook

Неговата сестра Маша по завршувањето на студиите живее и работи во Њујорк. Милена пак завршува филмска режија на Универзитет во Калифорнија, но едно време беше на студии во Атина. Моментално живее во Њуј Орлеанс.

To top