Љиљана Јевремовиќ која јавноста ја памети по аферата со Драган Којиќ Кеба денес потполно се повлече од јавноста и ја промени професијата.
Драган Којиќ Кеба своевремено се најде во центарот на вниманието поради неговата афера со Љиљана Јевремовиќ со која има вонбрачна ќерка Ина која ја призна дури кога судот го принуди на тоа.
Според пишувањата на медиумите, фолкерот никогаш не ја призна Ина иако порасна во вистинска убавица.
Иако Љиљана еден период беше медиумски експонирана, па одреден период ја немаше во медиумите, неодамна откри со што се занимава во последните неколку години.
Имено, поранешната сопруга на Кеба работи во слаткарница и многу е среќна поради овој потег бидејќи не се срами од нејзината работа.
Таа се огласи на својот „Фејсбук“ и истакна дека работела вредно и за време на короната.
Како го поминав времето на короната? Работа. Работата ме најде сама по себе. Слаткарницата во срцето на Врачар едноставно ме маѓепса, кога на шега, повеќе отколку во реалноста, отидов да ја видам, пред да ја отворам. Ајде да признаеме кој очекуваше од мене да станувам редовно во зората или да затворам нешто во студените зимски ноќи. Една година, работно искуство. Без болни денови. Предизвикот заврши, кризниот период е финансиски преоптоварен. На Ина дадов добар пример дека не е срамота да се работи. Ниту барав ниту најдов работа преку врска. Што ќе правам и како понатаму со новите предизвици во животот, не знам. Но, овој беше успешно надминат. Успеав директно од телевизија да ја засукам престилката и да ставам масканапиша Љиљана на својот Фејсбук профил.
Инаку таа со Кеба ја доби ќерката Ина која има 22 години, а судот потврди дека тој е вистинскиот татко на неа.
фото: фејсбук