Деновиве како бомба одекна веста дека македонскиот пејач Даниел Кајмакоски по три години брак се разведува од сопругата Кристина.
Оваа вест прв ја објави естрадниот магазин „Ексклузив“, а Даниел ја потврди во „Бекстејџ“.
Како што вели тој за магазинот разводот бил најдоброто за него и сопругата.
„Како јавна личност секако дека го споделувам и приватниот живот со јавноста , но за се има вистинско време. јас и Кристина не сме заедно подолго време. Бракоразводната постапка е во тек. Заедно ја донесовме одлуката да се разведеме, зошто знаеме дека тоа е најдобро за нас. Најважно е да бидеме секогаш добри родители на нашето дете. Комуницираме постојано, одлично се разбираме и функционираме како родители. Се поддржуваме еден со друг за идните планови и двајцата позитивно гледаме на иднината. Нашите семејства и блиски пријатели знаат за разводот веќе некое време и ја имаме нивната поддршка. Сепак, за никој од нас не е лесен овој период. Би ги замолил медиумите да ја почитуваат нашата приватност – пишува Даниел Кајмакоски во мејлот за „Бекстејџ“.
Даниел неодамна истакна дека се враќа на музичката сцена. Па така, од Нова година често настапува во регионот.
Тој пред неколку дена беше во Ниш…
Потоа, замина во Хрватска каде имаше исто така настап, а пред настапот заедно со бендот се опушти во еден ресторан.
„Денот пред настапот обично го користиме да се одмориме, квалитетно да се нахранитме и да се дружиме, Ова е еден од таквите денови, а уште кога таков ден ќе поминете во Истра, тоа е комплетно“ пишува на фотографија на која е означен Даниел.
Исто така има објавено фотографија од забава каде Кајмакоски свири со својот бенд.
Дефинитивно, пејачот одлучил да се врати и максимално да се посвети на музиката, дали наскоро ќе издаде песна останува да видиме.
За потсетување, Даниел и Кристина од бракот го имат синот Давид.