Дупер имаат нова песна. Откако од трио останаа дуо објавија две, а ова им е третата песна, која во етерот излезе околу новогодишните празници и е насловена „Пак и пак“.
Очигледно, Борис Какуринов и Илчо Нечовски упорно „пак и пак“ се држат до својата авторска креативност, со која овој пат „заталкале“ помалку во сферата на електрониката, што ја прави новата песна на „Дупер“ поразлична од претходните. Стилско свртување во нов правец или изнуден потег по заминувањето на тапанарката Мартина Баракоска заради која живиот ритам на тапаните е заменет со електроника…?
Како и да е новата песна звучи поразлично, посвежо, но некако недоречено и на моменти монотоно, аражмански недокажано и занаетски недовршено.
Музиката, текстот и аранжманот е дело на самите членови на дуото, додека тонското снимање, аудио миксот и мастерингот се дело на Анѓел Ќосев од студиото „Подрумот“.
Визуелизацијата на песната со ефтино полуаматерско, здодевно и крајно безидејно видео ја потпишуваат извесни „Frozen Time Drops“.
Како сето тоа звучи и изгледа „Пак и пак“, проследете подолу: