Eва Лонгорија (45) во петатта деценија од животот изгледа беспрекорно, а тоа го потврдуваат и нејзините последни фотографии.
Американската актерка редовно објавува фотографии од семејните моменти со сопругот Хосе Антонио Бостон и синот Сантиаго.
Ова лето поради пандемијата со коронавирусот, летните денови актерката ги поминува на имотот во Мексико.
Таа на своите фанови им покажа како ужива.
Имено, Ева позира во црно бикини покрај базен и ја покажа својата одлична фигура.
View this post on Instagram
Објавата за краток период достигна и до 300 000 лајкови, а на нејзина адреса пристигнуваа пофалби за изгледот.
Инаку, актерката за време на самоизолацијата направи теретана во својот двор за да ја одржува формата и во текот на карантинот.