Мајкл Качер е роден со церебрална парализа, имал трансплантација на срце, а во трејлерот на емисијата вели дека животот му бил загрозен при самото раѓање и во текот на операцијата. Ештон со солзи во очите го опишал емотивниот момент кога Мајкл бил во болница.
„Потоа дојде мојот татко, ме зема и ми рече: ‘Одиме да го видиме брат ти’, и јас знаев… ништо не беше во ред“.
Додека актерот ги бришел солзите, Мајкл го тешел, а 3-минутната најава предизвика вулкан од емоции кај гледачите.
Качер открил дека неговиот брат боледува од церебрална парализа во ТВ интервју во 2003 година, а Мајкл му бил многу лут.
„Не сакав да бидам лицето на церебрална парализа. Никогаш не зборував за тоа“, изјавил Мајкл за „Today“, но подоцна му простил.
„Ештон ми ја направи најголемата услуга бидејќи ми дозволи да бидам свој“, објаснил Мајкл минатата година.
Ѕвездата на серијата „Two and a Half Men“ зборувал и за својата борба со ретката болест која е опасна по живот. Тој открил дека боледува од редок облик на васкулитис, потенцијално смртоносна автоимуна болест која предизвикува воспаление и стеснување на крвните садови.
Ештон во август оваа година изјави дека болеста му го нарушувала видот, слухот и рамнотежата и дека се чувствува „среќен што е жив“.
„Не можев да одам и одеднаш не можев да гледам. Кога ќе се соочите со смртта лице во лице, веднаш останувате заробени со она што го правите денес“, вели актерот во трејлерот.
Качер додал дека успеал „целосно да закрепне“ од болеста, но му била потребна една година да дојде до целта.
„Не го цените тоа додека не исчезне. Додека не кажете: ‘Не знам дали ќе можам повторно да гледам, не знам дали ќе можам повторно да слушам, не знам дали некогаш повторно ќе можам да одам“, порачал познатиот актер.
фото:Јутјуб принтскрин