14-ти февруари или Св. Валентин, за оние што ќе го прескокнат Св. Трифун.
Денот на вљубените, во кој љубовта се споделува повеќе од вообичаеното, се покажува со внимание, подароци, размена на чувства и нежности… Најчесто во пријатна ресторанска атмосфера, со добра закуска, чаша вино и влажни погледи на вљубените партенери.
А потоа… второ полувреме. Она каде што волшебната игра на сетилата го започнува својот љубовен танц, па емоциите сами итаат во прегратка на страстите, чиј наплив предизвикува бура од слатки воздишки и кулминација од задоволства… Амор и Ерос кај и да е, наздравуваат со црвено вино, додека го прославуваат чинот, поскаувајќи тој што подолго да трае!
Но за такавата претстава потребна е и посебна подготовка. Особено онаа која ја негува понежниот пол, кој е оној кој треба да се допадне, привлече, намами, предизвика, освои, „запали“…
А дамите не само што не се имуни на ова, туку прават се да изгледат што попожелно и попривлечно, за Денот на вљубените особено. Па уште ако имаат добар повод и уште подобра причина за тоа… Изгледот од соништата, особено оние еротските, уште во старт ги бранува страстите. А долната облека е таа што ја поместува границата и замаглува реалноста, претворајќи ја стварноста во страсна еротска бајка.
Три познати македонски дами покажаа како се подготвуваат кога го чекаат Денот (или можеби ноќта) на вљубените. Во долна облека од еротските соништа, со различен вкус, но со стил кој го потенцира сиот нивен сексапил.
View this post on Instagram
Елеонора Нора некогаш Миљковиќ, сега г-ѓа Кочовска, најпознатата македонска ријалити учесничка, модел и ТВ РЕД водителка е секси зајачица, налик на оние од насловниците на најпознатиот светски машки магазин на сите времиња.
Секси убавица која зрачи со еротски набој кој ја поместува тенката граница на она што ги дразни машките мисли и сетила… Елеонора слободно им допушта па дури и ги повикува да влезат во нејзините соништа, зашто таа ионака е веќе во нивните…
Како и не би, кога штом ја видите таа е како „бисер во отворена школка“, провокативна, пожелна, привлечна, секси… до болка!
На нејзините следбеници им остануваат само мечтите, а она реалното завршува како благослов во рацете на нејзиниот човек. Блазеси му на тој господин, со кој го споделува овој чин на размена на нежности и за Свети Валентин!
Кристина Димитри(евска), екс – македонската мисица и модел, а се’ повеќе естрадна уметница, чија убавина излезе на виделина дури откако излезе од брачните прегратки на многу попознатиот сопружник.
Оттогаш кариерата во подем, на неколку полиња, а убавината, зачинета со сета еротика која телесниот ракош и ја дозволува, како и нексротливиот сексапил со кој Бог на надарил.
За Денот на вљубените Кристина посебно подготвена, за што самата се отвори и откри дека одново има добра причина …
Во долна облека од нежно бела провидна тантела со еротски набој кој ги дразни сите сетила и поглед кој повикува, ставајќи го нејзиниот среќник пред свршен чин… Наместо да наздрави со Св.Трифун, „да му се фрли во жешки прегратки“ на Св. Валентин!
View this post on Instagram
Хрисанта Монева е најмалку позната девојка. Не е јавна личност иако може да се смета на некој начин за таква, секоја што ќе влезе во врска со „големиот брат“ од Куманово, ријалити ѕвездата, модел, инфлуенсер, трапер,спортски работник и општински советник, кумановецот Дарко – Спејко.
Дека неговите прегратки и годат, а нему нејзиното извајано манекенско тело и сиот телесен раскош што го поседува, обајцата веќе во неколку наврати јавно покажаа .
Но, Денот на вљубените е момнетот кога треба на љубовта и љубовните страсти човек целосно да им се препушти, па вакавата можност затоа не смее да се пропушти.
Раскошната убавица очигледно тоа добро го знае, зашто проверениот рецепт и претходно веќе го применила…
Па затоа сликовито доловила како овој пат се подготвила на својот пастув да му приреди ноќ за паметење, во која ќе му подари уште една тура незаборавни мигови.
Фото: Инстаграм принтскрин/eros.underwear/_elle.m/kristina.dimitry/hrisantam