Македонската ТВ водителка и пилатес инструкторка Снеже Велков призна дека е ептен безбедна. Ја чуваат како да е првата дама! И то не само за да биде „ВИП на еден ден“, туку ВИП за цел живот. Така барем мисли таа, ама, дали е баш така?
До оваа констатација синооката убавица дојде откако и самата се увери дека покрај неа има сигурни чувари. Еден однапред, еден одзади! А таа безбедна…
Единствено чувство кое само таа го има кога ќе ги види оние од кои сите бегаат, никому не му се омилени, па многумина кога со нив ќе се соочат занаат по нив да „фрлаат дрвја и камења“, да им спомнуваат и „мајки и шајки“, да ги прекоруваат и колнат… Арно ама – џабе!
Ако се’ уште не ви е јасно во прашање е возилото за кревање други непрописно паркирани возила или таканаречениот „пајак“! Градски или центарски- сеедно! Другарите на Снеже Велков! И најверојатно само на нејзини, ако ги исклучиме оние што работат во пајак службата и нивните најблиски!
Другари, другари, ама русокосата убавица изгледа заборавила дека „пајакот“ може и да удира!
Не мислевме да се удри во вашето возило или не дај Боже во вас… На случката со скопската полицајка и „пајакот“ на Бит Пазар од пред една година мислевме…!
Па сега ти Снеже Велков види кој те чува, а кој едвај чека да „згрешиш“ за веднаш да стигне да те дигне. Кои ти се вистински другари, а кои „другари“… за пари!?