Пред неколку дена Енрике Иглесијас и Ана Курникова за првпат станаа родители, а тенисерката се породи во тајност.
Овој познати пар доби ќерка, а името се уште не е познато.
Енрике на својот „Инстаграм“ профил ги објави првите фотографии од бебето. Популарниот пејач во рацете ја држи ќерката, а со овој негов потег предизвика многубројни реакции.
„Моето сонце, 20 јануари, 2020“ напише Енрике под фотографијата.
За потсетување, Ана и Енрике се запознаа во 2011 година на снимањето на неговиот спот за песната „Еscape“, но дури по една година папараците успеа да ги фотографираат заедно. Тие тајно се венчаа во 2010 година.