Српскиот пејач Дарко Лазиќ успешно закрепнува од тешката сообраќајна несреќа која ја имаше во октомври минатата година.
Тој и Марина Гагиќ наскоро ќе станат родители на машко бебе, а тој момент со нетрпение го чекаат.
Имено, Марина редовно е на контроли, а поради последниот ултразвук, Дарко има широка насмевка на лицето.
Марина доби фотографии од ехо на кој се гледа главата на бебето, а истите ги сподели на Инстграм. Лазиќ позираше со нив, а очигледна е неговата неизмерна среќа.